За нас

ИН-НЕХС веќе 10 години опстојува на информатичкиот пазар со сопствено решение за олеснување на секојдневните проблеми на оние кои се ориентирани кон шпедитерската дејност. Нашето решение е софтверски одговор на разните програми за царинско и шпедитерско работење, кои сигурно не еднаш ви претставувале губење на време и нерви. На нашите корисници им нудиме отворен и комплетно надоградилив софтвер, како и најновата технологија и помош потребна при донесувањето на клучни одлуки за водењето на претпријатие во вистинската насока.


Мисијa

Нашата примарна цел е да им понудиме на нашите клиенти подобри цени и подобар квалитет на услугите и производите.


Затоа искористувајќи ги нашето бизнис знаење и техничка експертиза развивме софтверска програма за царинско работење насочена кон решавање на Вашите бизнис предизвици која ќе Ви помогне да ги оптимизирате Вашите бизнис процеси.

Историја

ИН-НЕХС е основан од Божидар Франгов на 9 Мај 2001 заради извршување на шпедитерски услуги во внатрешниот и меѓународниот транспорт. Услугите на компанијата се од областа на шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат бројни претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските  земји. Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со изградба на персонализирано софтверско решение за царинско работење, како и со продажба на компјутерска опрема и галантерија.

Нашиот начин на работа дозволува блискост со нашите клиенти што води до остварување на заеднички цели.