Преземете ги најновите измени


Само за ЕЦД корисници

КАСА софтверско решение &
Софтвер за материјално работење со интернет продажба


Програма за материјално работење, идеално решение за вашиот бизнис.


„Каса" е идеално решение како за мали така и за поголеми компании, концепирана така да може да функционира на еден сервер од каде ке ја користат клиенти од различни дестинации (пример повеќе продажни места, канцеларии...) со што ке се зачуваат податоците на едно место од каде можат да се контролират. Воедно ке заштедите драгоцено време а вашата продуктивност значително ке се зголеми.


Секој клиент (корисник) се логира со сопствено име и лозинка. Истиот може да се ограничи на три нивоа од страна на администраторот, до каде ке биде во можност да ја користи апликацијата како и контрола и измена на податоци (продажба по испостави, залиха, должење по набавни и продажни фактури, работни саатови по вработени). Клиентите комуницираат со серверот преку локална или интернет мрежа.


Во апликацијата „Каса“ е вметнато целокупно материјално работење:

-Работење во малопродажба/големопродажба со неограничен број на каси и фискални сметки.

-Фактурирање и издавање испратница до купувачот и евиденција на плакање по клиенти.

-Влезни фактури со евиденција на плакање до добавувачите.

-Внесување на артикли со нивни бар кодови, конфигурирање на продажна цена, задавање на рабат по купувачи и временски, како и водење на залиха за секој артикал.

-Задавање на испостави како и вработени по испостави.

-Попис на стока како и ПЛТ и ЕТ.

-Составување на нов производ по предходно зададени нормативи со раздолжување на залихата.

-Сите ваши артикли со самото внесување во Каса излегуват на интернет со додатна апликација за WEB продажба

-Работи и на Таблет или Мобилни со Андроид OS каде камерата се користи како баркод читач, бидете мобилни и внесувајте стока, проверете ја залихата или направете фактура и испратете ја веднаш на e-mail

-Апликација за WEB продажба е интегрирана во Каса и без никаков додатен напор веке сте on-line, кликнете овде за да погледнете како тоа изгледа

 

 

ЕЦД софтверско решение &
Софтвер за евиденција на царински склад

 

По упорното следење и учествување во самиот процес на царинско-шпедитерско работење ги утврдивме сите можни начини на поедноставување и целото наше искуство е пренесено во компјутерска програма која максимално ќе ве следи и подржува. На нашите корисници им нудиме отворен и комплетно надоградилив софтвер, како и најновата технологија и помош, потреба при донесувањето на клучни одлуки за водењето на претпријатие во вистинската насока. ЕЦД е тестиран од Царина на РМ и работи во склоп со NCTS - Нов компјутеризиран транзитен систем и е во постојана употреба на сите гранични премини во С.Македонија како и во внатрешноста. Исто така успешно го имплементиравме новиот царински систем СОЦДАД (истиот се користи и во Грција и Кипар) на задоволство на нашите корисници.

Кој е нашиот концепт на работа?


Како што наведовме претходно, утврдено е дека пристапување на изготвување на царински документи се појавуваат податоци кои се повторуваат на повеќе документи (ЕЦД, изјави, образци, записници, товарни листови и сл.). Со едно внесување на потребните податоци во ЕЦД софтверското решение за царинско-шпедитерско работење, веќе ги имате сите потребни документи и тоа пополнети. Се што Ви останува е само еден клик за да ги добиете на Вашиот екран или принтер отпечатени. Вашата најтешка работа ќе се сведи на внесување хартија во принтер!

Софтверот за евиденција на царински склад е изработен со MS SQL база на податоци од фирмата ИН-НЕХС Гевгелија специјализирана за софтвери за царинско работење: Компјутерската обработка на пoдатоците за евиденција на царинскиот склад се состои во неколку целини:

  • логирање на корисник;
  • податоци за прием на стоката во складот (Вскладишница);
  • податоци за излез на стоката од складот (Искладишница);
  • печатење извештај.

Тука се внесени и сите најнови измени во царинскиот закон и царински стапки, кои упорно ќе Ве следат и корегираат при работењето.